"Врапче" играч на натпреварот

Ѓорѓиев ја повреди рака
После еден судир со голманот Колев и со еден противнички играч, Столе Ѓорѓиев заработи повреди на раката. Во прв момент се чинело дека се работи за скршеница на раката, но после прегледите што му биле извршени во кумановската болница утврдено дека раката на Ѓорѓиев е само набиена. Следните неколку дена се очекува тој да се врати на тренинг.